More

    Биљана Ивановска е нова директорка на Општа болница Куманово

    spot_img

    Биљана Ивановска е нова директорка на Општа болница Куманово и ја презема функцијата од д-р Снежана Захариева на која ѝ истече мандатот. Ивановска е магистер, вработена во здравствената установа како психолог на психијатрискиот оддел. Таа е член на Комора на психолози и лиценциран психолог.

    Ивановска нагласи дека ќе се залага за соодветна и квалитетна здравствена грижа за пациентите од Куманово и општините од североистокот, за набавка на нова опрема, вложување во лекарите и останатиот персонал во нивна доедукација.

    – Отворена сум за соработка со пациентите, за нивните евентуални забелешки, критики и сугестии за подобрување на функционирањето на установата – изјави Ивановска.

    Кумановската болница е една од најголемите во државата со повеќе од 700 вработени и им дава здравствена помош на пациентите од североисточниот дел од земјава, со приближно 180 000 жители.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img