Основачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, донираше околу 50 милиони долари на невладина организација која ја поддржува демократската претседателска кандидатка на САД, Камала Харис, објави „Њујорк тајмс“ повикувајќи се на неименувани извори.
Бил Гејтс во изјава за американскиот весник ниту ги потврди, ниту ги демантираше наводите за донацијата, но рече дека „овие избори се поинакви“.
Како што објави њујоршкиот дневен весник, Гејтс е загрижен за економската политика на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и можните кратења на планирањето на семејството и глобалните здравствени програми, кои се клучни прашања за фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.
Поранешната сопруга на Бил Гејтс, Мелинда, исто така го поддржа Харис и направи голема донација за нејзината кампања.
Наводите за донација на Гејтс доаѓаат во време кога се менуваат прогнозите за шансите на Камала Харис да го победи Трамп на претстојните претседателски избори.
Платформата Полимаркет, која се занимава со предвидување на изборните резултати врз основа на пазарот на обложување, предвиде дека Трамп има 64 отсто шанси да победи на изборите, кои ќе се одржат на 5 ноември.
Милијардерот Стенли Дракенмилер во интервју за Блумберг минатата недела рече дека упатените на пазарот сметаат на победа на Трамп.