More

    Бидејќи имаше забелешка дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и само 12 од нив биле исправни, пратеникот Димитар Апасиев го соблече чевелот и со него „удираше“ печат врз амандманите и му ги доставуваше на спикерот Мисовски. Ова се случуваше после втората пауза дадена во Собрание поради инцидентите во кои пратениците на Левица, ревлтирани од неприфаќањето на амандманите за измени на Деловникот, кршеа монитори и фрлаа хартија, по што процедурално се јави Димитар Апасиев. – Првиот ден кога ќе паднете од власт ќе го кркате за ова. Амандманите на Левица не се доставени и за секој амандман се води претрес и се дебатира по секој. 2.500 амандмани архивирани и зведени, а тие се фрлени од сатрапот Талат Џафери. За да не се секирате дека некој е со печат некој не е, да не се чувстрвувате повредени, јас како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот, еве го и вториот амандман. Сакате со спајалици или без спајалици? Еве ви го четвртиот и еве го петтиот архивиран. Вака кога ќе дојдете вие, сами ќе си ги фрлате амандманите во една корпа зелена оти вие сте зелени – рече Апасиев од говорницата. Лидерот на Левица додаде: „Филибастер нема да видите, сакате да ви ги прочитам, уште колку време имам? Еве го Жан Моне процесот, одличен е, по сите шверцерски стандарди на ДУИ, а вие како слуга на ДУИ супер ја извршивте улогата потпретседателе Мисовски. Многу да не ви давам или да намалам, еве го уште еден, доста ви е засега“. Амандманите не му беа прифатени на пратеникот Апасиев од страна на предлагачот на измените во Деловникот, Талат Џафери. Апасиев со едноминутно молчење и оддаде почит на загубената парламентарна демократија. Можеби ќе ве интересира „ДЕЦАТА ГО ПРЕЗЕМААТ СОБРАНИЕТО“ Џафери жали што како… МИА 20/11/2023 📽 ЛЕВИЦА ПАК ДЕМОЛИРАШЕ ВО СОБРАНИЕТО Џафери спречи физичка… Плусинфо 20/11/2023 Потоа пратеникот од Левица Борислав Крмов како подносител на еден од амандманите уште еднаш излезе на говорницата и побара од спикерот Мисовски да ја прекине седницата. – Прекинете ја седницата потпретседателе. Целата јавност го гледа ова. Не знаме ни по кој амандман говориме. Пратениците гласаат блако на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со СДСМ и ДУИ, ќе им речете не гласајте, тие не гласаат – рече Крмов. Откако му истече времето, тој повторно се качи на пултот каде што седи спикерот Мисовски, му ја одзеде картичката да може да говори и му истури кутија полна со амандмани. Потоа во разговорот се приклучи и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а по неколку минути Мисовски потворно даде пауза од 30 минути.

    spot_img

    Бидејќи имаше забелешка дека 2.500 амандмани на Левица не биле заверени и само 12 од нив биле исправни, пратеникот Димитар Апасиев го соблече чевелот и со него „удираше“ печат врз амандманите и му ги доставуваше на спикерот Мисовски.

    Ова се случуваше после втората пауза дадена во Собрание поради инцидентите во кои пратениците на Левица, ревлтирани од неприфаќањето на амандманите за измени на Деловникот, кршеа монитори и фрлаа хартија, по што процедурално се јави Димитар Апасиев.

    – Првиот ден кога ќе паднете од власт ќе го кркате за ова. Амандманите на Левица не се доставени и за секој амандман се води претрес и се дебатира по секој. 2.500 амандмани архивирани и зведени, а тие се фрлени од сатрапот Талат Џафери. За да не се секирате дека некој е со печат некој не е, да не се чувстрвувате повредени, јас како Џорџ Буш со чевелот тука ќе ви ставам печат, еве ви го првиот, еве го и вториот амандман. Сакате со спајалици или без спајалици? Еве ви го четвртиот и еве го петтиот архивиран. Вака кога ќе дојдете вие, сами ќе си ги фрлате амандманите во една корпа зелена оти вие сте зелени – рече Апасиев од говорницата.

    Лидерот на Левица додаде: „Филибастер нема да видите, сакате да ви ги прочитам, уште колку време имам? Еве го Жан Моне процесот, одличен е, по сите шверцерски стандарди на ДУИ, а вие како слуга на ДУИ супер ја извршивте улогата потпретседателе Мисовски. Многу да не ви давам или да намалам, еве го уште еден, доста ви е засега“.

    Амандманите не му беа прифатени на пратеникот Апасиев од страна на предлагачот на измените во Деловникот, Талат Џафери.

    Апасиев со едноминутно молчење и оддаде почит на загубената парламентарна демократија.

    Потоа пратеникот од Левица Борислав Крмов како подносител на еден од амандманите уште еднаш излезе на говорницата и побара од спикерот Мисовски да ја прекине седницата.

    – Прекинете ја седницата потпретседателе. Целата јавност го гледа ова. Не знаме ни по кој амандман говориме. Пратениците гласаат блако на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, заедно со СДСМ и ДУИ, ќе им речете не гласајте, тие не гласаат – рече Крмов.

    Откако му истече времето, тој повторно се качи на пултот каде што седи спикерот Мисовски, му ја одзеде картичката да може да говори и му истури кутија полна со амандмани. Потоа во разговорот се приклучи и претседателот на Собранието, Талат Џафери, а по неколку минути Мисовски потворно даде пауза од 30 минути.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img