Бесими вели дека не може шокот од кризата да се апсорбира 100%

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Од април има реален раст на платите. Ефектите од кризите не ги чувствуваат само нашите граѓани, туку се чувствуваат и во Европа и светот. Предизвиците и понатаму остануваат бидејќи има геополитички движења кои влијаат и врз пазарите, изјави денеска министерот за финансии Фатмир Бесими.

Според Бесими платите не растат само номинално, туку реално затоа што инфлацијата се намалува.

– Во ниту еден момент не кажавме дека ќе направиме 100% апсорпција на економскиот шок. Македонија беше најпогодена во однос на цените на европскиот пазар и кај нас и ние тој ефект го ублаживме и ќе продолжиме и понатаму. И граѓаните гледаат дека и покрај тоа што се зголемуваат цените, имаше раст на платите и во јавниот и во приватниот сектор гледано во споредба со другите држави – рече Бесими.

Тој потсети дека македонската економија е мала и високо интегрирана на европскиот пазар и дека 160% од БДП е трговијата од која 80% е со ЕУ, а над половина е со Германија која годинава е во рецесија.

Share This Article