More

    Бесими: Од медиумите дознав за случајот спроти „Нова Македонија“, тој ќе биде последен спроведен со Уредбата од 2011 година, очекувам етички чин од оние што ја искористиле досега

    spot_img

    Измени на Уредбата со која се утврдува надоместот за приватизација на градежно земјиште донесена во 2011 година, а согласно која се плаќа надомест од 438 денари за земјиште со комерцијална намена, најави министерот за финансии Фатмир Бесими.
    Во гостување на Утрински брифинг, одговорајќи на прашање во врска со случајот со приватизацијата на земјиштето спроти „Нова Македонија“, појасни дека за случајот дознал од медиумите и дека е направена комплетна проверка на целиот процес, кој пак го води и одлука за приватизацијата на земјиштето носи Управата за имотно – правни работи.
    -Не станува збор за продажба на земјиште, туку за приватизација на земјиште. Процесот на продажба се врши согласно законски прописи преку општина, а приватизацијата на земјиштето се врши врз основа на Закон за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост преку Управата за имотно-правни работи, а надоместот кој се плаќа за приватизацијата е утврден со Уредбата на Владата за висина на надоместот за приватизација на градежно земјиште од 2011 година, рече министерот.
    Тој истакна дека не само во овој случај, туку и во други случаи откако е донсена оваа уредба се спроведени и други вакви приватизации. „Набрзо, потенцира, ќе се направи промена во Уредбата и ова ќе биде последен случај што по оваа цена е приватизирано земјиште. Со промената ќе има пореални цени“.
    Министерот наведе дека иако постапките се изведени согласно закон постои етика и морални норма и ги повика сите што ја искористиле ваквата можност во минатото во контекст на општествена одговорност да направат инвестиција од јавен интерес.
    Упати на тоа дека се започнати многу активност за да се подобри транспареноста и дека една од нив е носењето на новиот Закон за буџети, кој е во Собранието повеќе од една година, а каде се регулира дополнително управувањето со финаиниски средства и земјиште во државна сопственост.
    Во интервјуто министерот говореше и за новиот пакет мерки што го усвои Владата за заштита на животниот стандард на граѓаните и поддршка на ликвидноста на стопанството, од влијанието на растот на цените на основните прехранбени производи и енергенсите поради ситуацијата во Украина. Предлог законите кои се однесуваат на мерките за намалување на ДДВ и акциза кај енергенсите и ДДВ кај основните прехранбени производи се доставени во Собранието и министерот очекува нивно брзо усвојување.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img