БЕНЗИНИТЕ ПОСКАПУВААТ ЗА 2,5 ДЕНАРИ ЗА ЛИТАР

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,69% во однос на одлуката од 10 oктомври 2024 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 2,50 денари за литар. Малопродажните цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,473 ден/кг и сега ќе изнесува 44,507 ден/кг.

Од 15 октомври 2024 година од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 78,00 (денари/литар)
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 80,00 (денари/литар)
  • Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 70,50 (денари/литар)
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 70,50 (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС – 44,507 (денари/килограм)
Share This Article