Малопродажните цени на бензините од 95 и од 98 октани се намалуваат за еден денар по литар, додека малопродажната цена на дизелот не се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за половина денар, а малопродажната цена на мазутот се зголемува за половина денар.
Со новите измени, од полноќ, литар „еуросуптер БС – 95“ ќе чини 80,5 денари, „еуросупер БС – 98“ ќе чини 82,5 денари, а дизелот ќе чини 70,5 денари.
Маслото за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе чини 68,5 денари, а мазут М-1 НС – 41 денар.