Малопродажните цени на бензините од полноќ се намалуваат за 2 денара, на дизелот за 1,50, а на Екстра лесното масло за домаќинство за 1 денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Новата цена на бензинот од 95 октани е 84,50 денари, а на тој од 98 октани е 86,50. дизелот од полноќ има цена од 86,50 денари, додека маслото за горење ќе се продава по цена од 82,50 денари за литар.
За 0,027 денари поскапува Мазутот и еден килограм од полноќ ќе чини 41,810 денари за килограм.