Бензините и дизелот во Србија од денеска во 15:00 часот до следниот петок ќе се продаваат по исти цени, дознава Бета.
Литар еуродизел чини 206 динари, а бензинот европреминум БМБ 95 чини 198 динари.
Цената на дизелот за земјоделците е 179 динари, за најмногу 100 литри по хектар.
На крајот на јануари, Владата на Србија ја продолжи Регулативата за ограничување на цената на нафтените деривати за Еуродизел и Еуропремиум БНБ 95 за шест месеци, „со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението во услови на економската криза“.