Напаѓачот на Ал-Итихад, Карим Бензема ги изненади сите кога во текот на летото направи трансфер од Реал Мадрид во Саудиска Арабија.
Во интервју за шпанскиот медиум Ас, тој зборуваше за животот во Арабија и адаптацијата на новата средина.
„Кога фудбалскиот проект беше лансиран во Саудиска Арабија, изгледаше огромен од сите гледни точки. Сакав да бидам дел од тоа и да помогнам фудбалот да напредува во таа земја. Саудиска Арабија е муслиманска земја и ме пречекаа со раширени раце, веднаш се почувствував сакан“, изјави Бензема и додаде:
„Како муслиман, кога сте во Мека чувствувате мир… тоа е неверојатно место. Има многу страст овде и задоволен сум од нивото на игра. Навистина сум изненаден од нивото на Саудиска Арабија“.
Бензема досега одигра седум натпревари, постигна три гола и додаде две асистенции. Во својата кариера покрај за Реал настапуваше и за Лион.
За француската репрезентација одигра 97 натпревари и постигна 37 голови.