Бен-Гвир ги саботира преговорите за примирје со Газа

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Екстремно десничарскиот израелски министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, денеска изјави дека настојува да ги саботира преговорите за примирје во Газа и размена на затвореници со Хамас, пренесува Анадолија.

„Се трудам да ги запрам преговорите со Хамас. Држава, чиишто 6 заложници беа ладнокрвно убиени, не преговара со убијци, туку ги прекинува преговорите, ги смачкува и престанува да им испорачува гориво и струја“, напиша Бен-Гвир на социјалната мрежа Икс.

Израелската војска минатата недела ги извлече телата на шесте израелски заложници од југот на Газа.

Израелските власти го обвинија Хамас за нивното убиство, додека оваа палестинска милитантна група тврди дека тие биле убиени во израелските воздушни напади во Газа.

Бен-Гвир повеќепати се заканувал дека ќе ја урне владата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поради каков било договор за примирје со Хамас.

САД, Катар и Египет се обидуваат да постигнат договор помеѓу Израел и Хамас за размена на затвореници и прекин на огнот, со цел да се овозможи хуманитарна помош во Газа

Share This Article