По тој повод, во една од централните бриселски населби Мароле, беше откриен новиот мурал со име „Различност“.
На него има лице, обоено во препознатливи бои на виножитото.
Авторите на муралот, аргентинското уметничко дуо „Медијанерас“, изјавиле дека сакале да ги потсетат минувачите на потребата „да се брани инклузивноста и еднаквоста за сите“, пренесува Бруз.
„Со ова уметничко дело, градот Брисел бележи историски чекор кон еднаквост и со ова потврдуваме дека Брисел стои до квир заедницата и ги поддржува нејзините права и слободи“, изјави градоначалникот на Брисел, Филип Клоуз.
Белгија е втората европска земја, по Холандија, која ги легализираше истополовите бракови.
Законот стапи на сила на 1 јуни 2003 година и оттогаш илјадници истополови парови можат да се венчаат и на тој начин да ја крунисаат својата љубов и врска.