Белгија го одложи затворањето на нуклеарните централи

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Белгија, поради војната во Украина, одлучи да го продолжи рокот на нуклеарните реактори, и покрај ветувањата на владината коалиција дека тие ќе бидат затворени до 2025. Оваа одлука е силен удар за партијата на Зелените која учествува во владината коалиција и речиси целата кампања ја водеше околу затворањето на овие застарени и оштетени реактори.

Војната во Украина и вртоглавиот раст на цените на енергијата ги принудија владините партии да го ревидираат договорот, и нуклеарните реактори се продолжуваат за десет години.

Други мерки донесени од страна на федералната влада за ублажување на последиците врз секојдневието на белгиските граѓани од војната во Украина се намалување на ДДВ за фотоволтаици и зголемување на увозот на хидроген како чист транзициски извор на енергија додека не се постигнат зацртаните цели за обновливите енергии.

Министерката за енегија, Тинеке Вандестрик, изјави дека до 2026 постепено ќе се укине централното греење на мазут и гас, но предлогот за намалување на ДДВ на шест отсто врз струјата и гасот, уште е блокиран од страна на десничарските партии. Министерката сепак не се откажува и најави дека повторно ќе го стави предлогот на маса.

Пакетот предлози за енергијата ќе ја чини државата над осум милијарди евра, според пресметките. Тука спаѓа и позеленување на мрежата на јавниот транспорт во земјата.

Предлозите сега треба да бидат усвоени од страна на сите други парламентарни партии, меѓу кои некои веќе најавија дека не се задоволни.

Главниот судир во Белгија ќе се води меѓу поддржувачите на нуклеарната енергија и оние на обновливите извори.

Во меѓувреме, цените уриваат рекорди во Белгија, само за илустрација еден литар дизел сега чини 2,3 евра.

Share This Article