Манекенката Бела Хадид е снимена како се бакнува со Адан Бануелос, познат јавач, каубој и тренер за јавање. Американскиот портал ТМЗ дојде до снимките направени во Форт Ворт, Тексас.
Додека биле во прошетка, Бела страсно го прегрнувала, бакнувала и го галела по стомакот Адан. Потоа се фатиле за раце додека ја преминувале улицата.
Триесет и седум годишниот Адан е победник на бројни натпревари и воедно најмладиот јавач што влегол во Куќата на славните на американското здружение National Cutting Horse. А Бела е голем љубител на коњи и коњички спортови. Со јавање се занимава од детството, но се откажа од интензивните тренинзи откако се зарази со лајмска болест, со која се бори повеќе од 10 години.
Инаку, 27-годишната манекенка пред четири месеци ја раскина двегодишната врска со дизајнерот Марк Калман. Извори блиски до парот тогаш изјавија за странските медиуми дека Бела и Марк останале во пријателски односи.
Бела претходно беше во врска со славниот пејач Д Викенд.
Фотографиите од Бела со новото момче можете да ги погледнете ТУКА.