За 10% наскоро ќе се намалат и цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци, информира на социјалните мрежи министерот за економија Крешник Бектеши.
Бектеши во објавата вели дека добил неколку писма од компании кои сакаат да се вклучат во мерката за намалување на цените.
„Намалување на цените на безалкохлните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку писма од нашите домашни производители на минерална вода, сокови, пиво кои ме известија дека доброволно се вклучуваат во кампањата гарантирана цена со намалување на цените од минимум 10%!“, напиша Бектеши.