More

    Бектеши тврди дека никој не бил доведен во заблуда за концесиите за „Иловица-Штука“

    spot_img

    Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција во врска со концесиите за рудникот „Иловица-Штука“.

    Според него, не се работи за една, туку за две концесии.

    – Можам слободно да потврдам, а очекувам тоа да го потврдат и другите колеги, дека Министерството за економија ниту некого излажало, ниту измамило, ниту ставило некого во заблуда. Како што најавивме на брифингот, ние сме доставиле само хронологија на настаните и што е одлучено од 2005 година до денеска во делот на Предлог-одлуката за спојување. Истата информација беше на седницата на Владата, не е сменето ни образложението, ни информацијата, но ова е политичка Влада и во одредени моменти се носат и политички одлуки – истакна Бектеши.

    Тој на прес-конференцијата во Владата, детално информира за сите управни и судски постапки, заклучоци и одлуки поврзани со рудникот.

    Бектеши најпрво им се извини на новинарите за вчерашното одложување на прес-конференцијата. Рече дека причина за тоа била долгата и конструктивна дебата на владината седница, поради што Министерството за економија било принудено да ја одложи прес-конференцијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img