Бектеши најави пониски цени и на пијалаците и на други непрехранбени производи

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Повеќе од 50 прехранбени производи од 25 категории од среда до 30 ноември ќе имаат пониска цена за 10% на цената која ја имале на 1 август. Овие производи ќе носат ознака „гарантирана цена“ по која граѓаните ќе можат да ги препознаат во маркетите, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Бектеши рече дека оваа ознака ќе можат да ја добијат и производи од друг вид-производи за хигиена, пијалаци … ако се пријават во Министерството за економија и ги намалат цените.

 

– Одбележувањето „гарантирана цена“ ќе ја имаат цената од 1 август намалена за 10%. Секој граѓанин ќе може да ја види оваа ознака и ќе знае дека цената на производот е намалена и ќе биде иста до 30 ноември. На пример сите производи кои се нудат во маркетите како шпагети, ќе бидат со намалена цена и означени – појасни Бектеши.

Бектеши рече дека утре на влада ќе биде составен списокот на производи ккои ќе имаат пониска цена.

Тој најави дека од среда инспекциските служби ќе бидат на терен заедно со членови на владата и ќе вршат контрола како се реализира одлуката на владата.

Бектеши рече дека утре ќе има мала корекција на одлуката за акциите

– Акции со пониска цена од намалената со одлука на владата ќе бидат дозволени., но нема да се дозволи акција пред истек на рокот. Таквата акција ќе биде означена како намалување – рече Бектеши.

- Advertisement -
Ad image

Тој ги повика и производителите на други производи кои не се прехранбени доколку сакаат да ги намалат цените и да се вклучат во мерката да го информираат Министерството за економија.

Бектеши најави дека веќе се разговара со производители на пијалаци и, како што рече, очекува и тие да ги намалат цените на производите.

– Очекувам да имаме позитивен „фидбек“ и од нивна страна и со наредна одлука, освен  хемиските производи, да бидат вклучени и пијалоците во намалувањето на цените до 30 ноември. Има интерес од голем број компании кои произведуваат производи за широка потрошувачка да се вклучат во мерката и тоа е добро – рече Бектеши.

- Advertisement -
Ad image

Акцијата „гарантирана цена“ ќе се реализира до 30 ноември.

Share This Article