More

    Бектеши најави и затворање на маркети ако не ги почитуваат законите

    spot_img

    Списокот на производи кои ќе имаат ограничена маржа произлезена од Законот за нефер трговски практики е веќе подготвена и ќе биде испратена од бизнис заедниците кои ќе имаат 10 дена да го кажат своето мислење и да дадат свои сугестии за тоа кои производи треба да се најадат на списокот, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

    Бектеши посочи дека предлог-списокОТ на производи можат да го добијат сите заинтересирани.

    – Списокот има над 2.500 земјоделски и прехранбени производи. Тој деновиве ќе биде доставен до бизнис заедниците кои ќе треба да го разгледаат и да дадат свои сугестии. Најдоцна за 10 дена ќе имаме предлози и сугестии и согласно тоа ќе го подготвиме списокот, потоа сите трговци ќе треба да ги усогласат цените – рече Бектеши.

    Тој најави и построги мерки доколку се случи и покрај договорот драстично да се зголемат цените.

    – Ако имаме големо зголемување на цените, пред сѐ, на прехранбените производи, ќе ѝ предложиме на владата мерки, но верувам дека трговците, посебно големите синџири, ќе бидат општествено одговорни и нема да ги зголемат цените. Ние ќе донесеме мерки во корист на граѓаните. Не би сакал да ги кажам опциите кои би биле преземени, бидејќи тие се носат по направени анализи. Сепак, ќе кажам дека во опција се: замрзнување цени, воведување посебни услови на одредени трговци и затворање на синџири на супермаркети кои би се однесувале спротивно – рече Бектеши.

    На прашањето зошто Организацијата на потрошувачи не го добила списокот, Бектеши рече дека секој кој е заинтересиран за списокот може да го добие.

    – Дури и јас лично предлог-списокот го дадов на одредени медиуми. Што значи секој што сака да учествува со сугестии во списокот може да побара да го добие предлог-текстот – рече Бектеши.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img