Република Северна Македонија има солидна институционална рамка и стратегија за унапредување и поддршка на инвестициите. Со мерките и политиките кои ги носи Министерството за економија негуваме врски помеѓу локалните и мултинационалните фирми. Оваа цел се поддржува преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции кој обезбедува финансиска поддршка за инвестиции и конкурентност, и тоа за нови вработувања, за воспоставување и унапредување на соработката со добавувачи регистрирани во Република Северна Македонија. Исто така се поддржува и преку активната економска политика за развој на кластери што е вклучен сегмент во Индустриската стратегија како и Стратегијата за иновации што ја поддржува интеграцијата на локалните компании во глобалните синџири на вредности и Стратегијата за конкурентност која особено има за цел да создаде атрактивно деловно опкружување за странските инвеститори преку реформи и јавен приватен дијалог, мобилизација на дознаки од дијаспора и подобрување на собирањето податоци, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во своето обраќање на бизнис настанот SUBEX – Suppliers Balkan Expo кој се одржува во организација на Македонско-Германското стопанско здружение.