Беќаровски бара министерот Демири да му се извини за несреќната изјава

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Министерството за здравство во објавата до медиумите и на социјалните мрежи за разрешувањето на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија д-р Данил Петровски поради несовесно работење, објави и документ со сериозни обвинувања до докторот Нико Беќаровски, дека наводно ги навредувал вработените по национална основа.

По ова во коментар на Фејсбук се огласи доктор Беќаровски и му се обрати на министерот за здравство, Илир Демири.

„Искрено се надевам дека објавата е без Ваше знаење и одобрение, бидејќи со истата ми нанесовте несогледлива штета на мојот углед, базирана на лажни изјави, на незаконски архивиран документ, на кој не стои ниту едно име, за која ќе следува соодветна судска тужба кон инволвираните.

Инпутирање на било какви национални навреди е најблаго речено дегутантно. И јас, впрочем како и Вие, секогаш сум бил исклучиво поборник за максимален професионализам, базиран на квалитет и мерит систем, без никакви други предрасуди.

Најколегијално, Ве замолувам во следните 24 часа јавно да се оградите од оваа несреќна објава на сајтот и да ми се извините за нанесената повреда на мојата чест и углед.

Воедно Ве поканувам во текот на идната недела да ја посетите УК токсикологија и да остварите состанок со Стручниот колегиум на Клиниката, за заедно да ги продискутираме наталожените проблеми кои сериозно влијаат на квалитетот на здравствените услуги.

Со должна почит и колегијален поздрав“, напиша Беќаровски.

Share This Article