More

    Бекам повторно скандализира со однесувањето кон ќерка му

    spot_img

    Интернетот е преплавен со негативни коментари упатени кон Дејвид Бекам за фотографиите со неговата ќерка за време на фудбалски натпревар.

    Не е првпат Бекам да е критикуван за неговото однесување кон ќерката Харпер Бекам. Иако тој постојано објаснува дека тоа е показ на татковска љубов, јавноста смета дека неговото однесување кога интимно ја прегрнува или кога ја бакнува тинејџерката во уста, е крајно несоодветно.

    Минатиот викенд Бекам дојде на фудбалскиот натпревар со Харпер, а папараците неуморно го фотографираа.

     

    Иако 49-годишниот косопственик на клубот ја доведе својата ќерка на натпревар мислејќи дека таа ќе му донесе среќа, неговиот тим не стигна далеку.

    Фотографиите што се споделуваат по социјалните мрежи, имаат дијаментално спротивставени коментари.

    „Ми се допаѓа колку нејзиниот татко ја обожава. Мора да е затоа што е најмлада и затоа што дојде по три момчиња“, коментираат една, а други велат дека станува збор за чудна наклонетост кон своето дете.

    „Бекам треба да разбере дека неговата ќерка расте брзо и дека таа е големо девојче. Ова однесување е сосема несоодветно“, е еден од коментарите на слебениците кои сметаат дека некои негови однесувања кон Харпер не се коректни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img