Бебето Аја родено под урнатините во Сирија по силниот земјотрес од 7.8 степени е однесено на безбедно место поради страв дека може да се случи киднапирање

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Бебето Аја родено под урнатините во Сирија по силниот земјотрес од 7.8 степени е однесено на безбедно место поради страв дека може да се случи киднапирање. Нејзината мајка почина, исто како и други членови од семејството.

Девојчето сега е сираче, а приказната трогна многу луѓе и се јавија брачни двојки кои сакаат да го посвојат девојчето. Дури и двојка од Сараево сакаше да го посвои детето.

Во понеделникот имаше вооружен инцидент во болницата во регионот под контрола на опозицијата каде што таа беше на лекување.

– Здравствениот дом во Африн презеде мерки на претпазливост за да го заштити девојчето Аја од можно киднапирање и измама за посвојување – изјави извор за Би-Би-Си.

Шефот на здравствената управа, Ахмад Хаџ Хасан, ги негираше тврдењата на социјалните мрежи дека станува збор за осуетен обид за киднапирање на Аја.

Калил ал-Сувади, далечен роднина кој бил таму кога ја извлекле на безбедно, го донел бебето во болница во Африн. Девојчето е родено во градот Џиндарис.

Share This Article