More

    Барселона ја зголеми понудата за Левандовски

    spot_img

    Барселона ја подигна понудата до Баерн Минхен за Роберт Левандовски на 40 милиони евра плус пет милиони евра бонус, пишуваат во средата германските медиуми, вклучувајќи го и високотиражниот „Билд“.

    Откако понудија прво 32 милиони, па 35 милиони, Каталонците уште еднаш ја зголемија понудата.

    Според „Билд“, Баерн бара 60 милиони евра за двојно најдобриот светски фудбалер во изборот на ФИФА (2020 и 2021 година), чиј договор со баварскиот клуб истекува следната сезона кога ќе има 34 години.

    Дополнително, доведувањето на Левандовски зависи од уште едно преговарање. Имено, според пишувањата на медиумите, Барселона би можела да го продаде Холанѓанецот Френки де Јонг на Манчестер Јунајтед за 65 милиони евра и на тој начин да добие средства за Левандовски.

    Полјакот кон крајот на мај јавно изјави дека сака да го напушти Баерн ова лето, но досега челниците на клубот не попуштаат и тврдат дека не доаѓа предвид да го пуштат најдобриот стрелец пред да му истече договорот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img