More

    Барди очекува добрата енергија да ја пренесат на теренот

    spot_img

    Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Енис Барди пред дуелот со Фарски Острови во Торшавн од 1.коло на Лигата на нациите, изјави дека сите се свесни што следи утре и направена е детална анализа за овој натпревар.

    – Атмосферата секогаш е добра кога се игра за Македонија и можеби на овој собир имаме најдобра клима. Имаме одлични играчи, кои потпишаа за големи клубови како Димитриевски, Елмас, Миовски и од нив очекуваме многу – изјави капитенот на прес-конференцијата пред дуелот.

    Според него, репрезентативците не треба да бараат алиби и како и секогаш да бидат максимално фокусирани на својата игра.

    – Не треба да ни недостасува желба и треба да излеземе просторот кој противникот ќе ни го понуди да го искористиме – додаде Барди.

    Селекторот Благоја Милевски изјави дека првиот натпревар е секогаш е тежок, а Фарски Острови е квалитетен, дисциплиниран противник и тимот има максимална почит кон нив.

    – Сепак, наша цел е прво место во групата на Лигата на нации. Треба да бидеме на својот максимум за да не зависиме од играта на противникот. Во минатото издание на Лигата на нации, Фарски Острови ја победија Турција, а тоа не е мала работа. Временските услови се такви какви што се. Не е лесно да се адаптирате од 35 на десетина степени. Затоа дојдовме ден порано и верувам дека ќе бидеме спремни. Мислам дека ќе се прилагодиме на сите услови и ќе го наметнеме нашиот квалитет – изјави Милевски.

    Според него, противникот е добро организиран, дисциплиниран и мора да бидеме на исто ниво и подобри што се однесува до динамиката на игра, агресивноста и желбата, за да дојде нашиот индивидуален квалитет до израз.

    – На овој собир гледам одлична енергија и тоа треба да го пренесеме на терен – додаде селекторот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img