More

    Банките да внимаваат при зголемување на каматните стапки

    spot_img

    Банките се претпазливи во однос на зголемувањето на каматните стапки имајќи предвид дека драстичното и брзо зголемување може да влијае на способноста на кредитокорисниците за сервисирање на обврските, вели во интервју за МИА претседателката на Македонската банкарска асоцијација Маја Стевкова-Штериева.

    Таа порачува секој кредитокорисник или депонент на средства во банка да посвети внимание на одредбите во договорот со цел да се избегнат недоразбирања или непотребна паника околу каматните стапки.

    – Фиксните каматни стапки по дефиниција не се менуваат за периодот додека се фиксни и во тој случај нема потреба од вознемиреност. Но, многу е важно да се посвети внимание и да се видат одредбите во договорите – нагласува Стевкова-Штериева.

    Во интервјуто, таа открива и дали е можно зголемување на каматните стапки, а појаснува и што ќе значи за банките најновата мерка што ја донесе Народната банка за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот сектор.

    Банкарскиот систем, потенцира Стевкова-Штериева, е стабилен и добро капитализиран, а капиталот и резервите се покажаа како доволни за банките да се справат со досегашните предизвици. Повеќето од банките работат профитабилно со солиден раст на профитот остварен во првото полигодие од годинава.

    Народната банка на неколкупати досега ја зголеми основната каматна стапка која сега е на висина од 1,25 процентни поени. Колку тоа се одрази врз каматните стапки на кредитите?

    – Согласно податоците објавени од страна на Народната банка со состојба од 30.6.2022 година, на годишна основа просечните каматни стапки на кредитите и депозитите на ниво на банкарски сектор бележат мал надолен тренд. Во јуни, просечната каматна стапка на вкупните кредити забележала минимален месечен пад од 0,01 процентни поени, а просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец. Реакцијата на банкарските каматни стапки никогаш не била вака бавна и претпазлива. Јасно е дека во услови на инфлација мора да има зголемување на каматните стапки и дека сигналот на Народната банка е реакција на макроекономските и монетарните состојби во земјата. Сепак, банките се претпазливи имајќи предвид дека драстичното и брзо зголемување на каматните стапки може да влијае на способноста на кредитокорисниците за сервисирање на обврските, при што тоа посебно се однесува на населението.

    Може ли да се очекува зголемување на каматните стапки за граѓаните и за стопанството?

    – Неспорно е дека сигналот испратен за зголемување на каматните стапки преку континуираното зголемување на каматната стапка од страна на НБРСМ, ќе доведе до понатамошно зголемување на каматните стапки на депозитните и кредитните производи на банките. Сепак, мора да се истакне дека висината на промената, тајмингот и банкарските производи што ќе бидат опфатени се дел од деловната политика на секоја банка и поради тоа најдобро е да се следат објавите на банките поединечно.

    Исто така, битно е да се напомене уште една важна информација која се однесува на каматните стапки. Во изминатите години се посвети поголемо внимание на информираноста на клиентите на банките, особено на населението, во делот на транспарентност на каматните стапки, нивните промени, како и се поголемата застапеност на фиксни каматни стапки. Во таа смисла во услови на раст на каматните стапки препорачливо е секој кредитокорисник или депонент на средства во банките да обрне внимание на одредбите од договорите коишто ги има со банката со која работи, со цел да се избегнат недоразбирања или непотребна паника околу каматните стапки. Фиксните каматни стапки по дефиниција не се менуваат за периодот додека се фиксни и во тој случај нема потреба од вонемиреност. Но, многу е важно да се обрне внимание и да се видат одредбите во договорите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img