More

    Бактериска или вирусна инфекција, како ќе препознаете која сте ја собрале?

    spot_img

    Важно е да знаете дали страдате од вирусна или бактериска инфекција за да можете правилно да се лекувате.

    Кога не се чувствуваме добро, велиме дека сме заразени со патогени. Едноставно кажано, инфекцијата доведува до треска, гадење, кашлање и кивање, а за да се чувствуваме подобро, ги земаме вообичаените лекови.

    Хартиен тигар или опасен ѕвер: Колку е опасна новата варијанта на корона?

    Тука сите правиме голема грешка. Земаме лекови без да знаеме каков тип на инфекција имаме и на тој начин ја зголемуваме нашата отпорност на одредени лекови, кои можеби нема да делуваат во иднина. Затоа е императив да разбереме каква инфекција имаме.

    Слични симптоми

    „Вирусни и бактериски инфекции може да имаат слична презентација“, вели д-р Аџеј Гупта. Знаците како треска, кашлица, настинка и дијареа се видливи кај вирусните и бактериските инфекции, додава тој, нагласувајќи ја сличноста на симптомите на двата типа на инфекции.

    Вирусни инфекции обично имаат акутен почеток со ненадејна и висока температура. Тие често се краткотрајни и поминуваат за помалку од една недела. Доколку симптомите перзистираат повеќе од една недела, може да се посомневаме на бактериска или секундарна бактериска инфекција, пренесува indiatimes.com.

    Бактериските инфекции обично имаат поподмолен почеток и може постепено да напредуваат. Тие исто така може да доведат до тешки и долготрајни симптоми.

    Во првите три дена од треската, генерално не се потребни антибиотици. Ако треската се смири во овој период без антибиотски третман, тоа е повеќе показател за вирусна инфекција. Доколку треската трае подолго од три дена, а пациентот развие секундарни симптоми како отежнато дишење или шок, треба да се посомневаме на бактериска инфекција, која бара итна хоспитализација и антибиотска терапија врз основа на наодите.

    Според д-р Гупта, вирусните инфекции обично се манифестираат како треска, кашлица, настинка, а понекогаш и дијареа и може да доведат до состојби како ларингитис, синузитис и бронхитис.

    „Од друга страна, бактериските инфекции може да доведат до посериозни респираторни проблеми како што е пневмонија, што може да се разликува по рендген што покажува густа и екстензивна зафатеност на белите дробови“, додава тој.

    Ширење

    Вирусни инфекции се поверојатно за време на епидемии во одредена област, како што се епидемии на денга или грип. Ако неколку поединци во семејството или заедницата искусат слични симптоми во исто време, тоа може да укаже на вирусна инфекција, бидејќи бактериските инфекции обично не се шират на епидемиски начин.

    Третман

    Додека бактериските инфекции се третираат со антибиотици пропишани од лекар, вирусните инфекции треба трпеливо да се поднесуваат додека телото се бори со вирусот.

    „Можеме да ги третираме симптомите на вирусна инфекција со деконгестиви и лекови против болки без рецепт како ибупрофен, но тие всушност нема да го третираат самиот вирус. Важно е да се одморите и да пиете течности за да може вашиот имунолошки систем да ја заврши својата работа и да го исчисти вирусот“, објаснува д-р Гупта.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img