Нацрт одлуката на американскиот Врховен суд за абортусот, што протече во јавноста месецов, може да значи дека, судот, по него, ќе се сврти и кон истополовите бракови, правото на контрацепција и на другите права, изјави претседателот на САД, Џо Бајден, во текот на вчерашниот ден, јавија странски медиуми.
– Запомнете ги моите зборови: тие ќе тргнат (…) и на одлуката на Врховниот суд за правото на истополови бракови. Таквите одлуки ќе бидат достапни за сите и ќе предизвикат дополнителни поделби во Соединетите Американски Држави. Ќе се расправаме за работи околу што не би требало да има расправии – нагласи Бајден на собир на донатори во Чикаго, додавајќи дека и контрацепцијата, исто така, ќе се најде на удар.
Откако протече нацртот од мнозинското мислење на судскиот совет, што сугерира оти Врховниот суд наскоро може да ја поништи пресудата на „Ро против Вејд“ од 1973 година, со што е легализиран абортусот, Бајден излезе со апел.
Американскиот претседател апелираше гласачите да го заштитат правото на абортус, така што на изборите во ноември, ќе гласаат за кандидати, кои го поддржуваат тоа.