На Бајден во февруари му била отстранета кожна лезија од градите, која била карцином на базалните клетки – вообичаена форма на рак на кожата

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

На американскиот претседател Џо Бајден во февруари му била отстранета кожна лезија од градите, која била карцином на базалните клетки – вообичаена форма на рак на кожата, изјави лекарот од Белата куќа Кевин О’Конор.

– Целото канцерогено ткиво беше успешно отстрането – изјавиО’Конор.

Бајден ќе биде под лекарски надзор и понатаму, но според лекарот не е потребен дополнителен третман. О’Конор вели дека областа каде што била отстранета канцерогената лезија „добро зараснала“.

– Лезиите на карцином на базалните клетки немаат тенденција да се ‘шират’ или да метастазираат, како што е познато дека прават некои посериозни карциноми на кожата, како што се меланом или сквамозен карцином – објасни О’Конор.

Белата куќа на 17 февруари го сподели извештајот на д-р О’Конор со детални информации за здравјето на Бајден, кои често се на дневен ред во американската јавност, бидејќи тој има 80 години.

Share This Article