Американскиот претседател Џо Бајден синоќа изјави дека Русија не треба да биде етикетирана како држава која е спонзор на тероризмот, јави Ројтерс. Со ова Бајден ги изненади светот и Украинците. Тие од него веќе подолго време бараат Западот да ја прогласи Русија за терористичка земја, поради руските воени злосторства извршени на украинска територија.
Москва, од друга страна, предупредува дека ваквата етикета целосно ќе ги урне руско-американските односи.