More

    Бајден: Путин го сака островот Готланд, ако нападне – ќе започне војна со НАТО

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин има око на шведскиот остров Готланд, предупреди шефот на шведското Министерство за одбрана Микаел Бајден.

    Готланд, најголемиот остров во Шведска споредлив по големина со Род Ајленд, е стратешки лоциран во средината на Балтичкото Море – помеѓу Стокхолм и руската ексклава Калининград.

    Руското Министерство за одбрана објави план за проширување на територијалните води во Балтичкото Море, што предизвика меѓународна загриженост. „Сигурен сум дека Путин го гледа Готланд со двете очи. Целта на Путин е да добие контрола над Балтичкото Море“, рече Бајден, врховен командант на вооружените сили на Шведска.

    „Доколку Русија ја преземе контролата во Балтичкото Море, тоа би имало огромно влијание врз нашите животи – во Шведска и сите други земји кои граничат со Балтичкото Море. Не можеме да го дозволиме тоа“, додаде тој. „Балтичкото море не смее да стане игралиште на Путин“, додава Бајден, пренесува Индекс.

    По демилитаризацијата во 2005 година, Шведска повторно воведе постојани трупи во Готланд во 2016 година, по руската анексија на украинскиот полуостров Крим. Шведска, исто така, стана најновата членка на НАТО во март, што значи дека е опфатена со членот 5 на алијансата, кој гарантира дека сите други членки се бранат меѓусебно доколку бидат нападнати.

    „Ако Путин го нападне Готланд, тој може да им се закани на земјите на НАТО од морето. Тоа би бил крај на мирот и стабилноста во нордиските и балтичките региони“, рече Бајден.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img