More

    Бајден пред новинарите изјави дека останува на своето тврдење дека „по ѓаволите, Путин не смее да остане на власт“

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден вчера пред новинарите изјави дека останува на своето тврдење дека „по ѓаволите, Путин не смее да остане на власт“, но инсистираше дека тоа е лично негов израз на морален гнев поради конфликтот во Украина, а не промена на политиката на САД и дека никој не требало тоа да го сфати сериозно, пишува РТ. На пресконференцијата која се одржа по презентацијата на новиот буџет претседателот изјави:

    – Не повлекува ништо назад. Сакам да разјаснам: не заговарав ниту тогаш, ниту сега, промена на политиката (на САД). Изразував морален гнев што го чувствувам и не се извинувам за тоа.

     

    Запрашан дали неговите забелешки ја комплицираат работата околу дипломатијата за завршување на војната, Бајден рече не, тврдејќи дека „ескалаторните напори“ на Путин се она што „многу ги комплицира работите, но мислам дека ова воопшто не ги комплицира“.

    Како одговор на друго прашање за тоа што точно мислел во Варшава, Бајден рече дека „луѓе како овој не треба да владеат со земјата“, повторно мислејќи на Путин.

     

    Друг новинар го потсети Бајден на неговото долгогодишно искуство во надворешната политика и праша дали е свесен дека неговите зборови можат да се протолкуваат како пропаганда против Русија.

    – Не и не. Тоа е смешно. Никој не верува… Јас зборував за соборување на Путин. Никој не верува во тоа.

    Бајден дури инсистираше дека никогаш не им кажал на американските војници во Полска дека ќе одат во Украина кога изјави дека „кога ќе стигнете таму, ќе видите“ или дека САД „ќе одговорат на соодветен начин“ на евентуален хемиски напад од Русија, или пак дека тој повикал на промена на режимот во Русија.

    – Ниту едно од тие три нешта не се случи – изјави тој за Питер Дуси од Фокс њуз.

    – Така го толкувате јазикот.

    Што се однесува до забелешките за хемиското оружје, Бајден исто така ги отфрли.

    – Нема да ви кажам. Зошто би ви кажал? Мора да се зафркавате – му рече тој на Питер Дуси, кого го нарече „глупав кучкин син“  уште во јануари.

    А, кога Дуси рече дека светот сака да знае, Бајден се насмевна и рече  дека „светот сака да знае многу работи“.

    Острите зборови на Бајден предизвикаа реакции уште минатата недела, а во саботата, помошниците на Белата куќа побрзаа да ги „разјаснат“ неговите зборови. Според Белата куќа, Бајден сакал да каже дека на Путин не смее да му се дозволи „да влијае над соседните земји“.

    Државниот секретар Антони Блинкен ја „испегла“ изјавата влејќи дека САД „немаат стратегија за промена на режимот во Русија, или на кое било друго место“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img