Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека рускиот претседател Владимир Путин ја губи војната во Ирак.Путин ја започна инвазијата против соседна Украина, а не земјата на Блискиот Исток што САД и нивните сојузници ја нападнаа во 2003 година.
„Тешко е да се каже, но тој (Путин) очигледно ја губи војната во Ирак“, рече Бајден одговарајќи на новинарско прашање, пренесува Politico.
Коментарите на Бајден доаѓаат помалку од една недела по неуспешниот обид за државен удар што го започнаа Евгениј Пригожин и неговите платеници од групата Вагнер.
Инаку, ова не е првпат американскиот претседател да погреши… Бајден има долгогодишно досие на гафови. Во последниве месеци, тој го нарече славниот рагби тим на Нов Зеланд „Ол Блекс“ „Црни и Танс“ – збунувајќи ги спортските шампиони со озлогласената британска воена единица. Тој ја измеша и титулата на Риши Сунак, обраќајќи му се на британскиот премиер како господин претседател.