More

    Бајден повикуваше мртва колешка среде пресконференција

    spot_img

    Името на починатата конгресменка Џеки Валорски од Индијана можеше да се слушне на пресконференција на која говореше американскиот претседател Џо Бајден. Тој заборавил дека таа починала во месец август.

    – Џеки, дали си тука? Каде е Џеки? – прашал Бајден, а откако не добил одговор продолжил да зборува на пресот.

     

    Валорски, републиканка, беше убиена заедно со уште двајца офицери на почетокот на август. Таа беше гласноговорничка да се донесе Законот во Конгресот што ја финансираше конференцијата за глад, заедно со уште четири други конгресмени. По нејзината смрт, Белата куќа издаде соопштение во кое се вели дека Бајден и неговата сопруга Џил биле „шокирани и тажни од нејзината ненадејна смрт“. Но, вчера претседателот не се сети на ова.

    Гафот на Бајден ги разбуди реакциите на американските политичари.

    „Навистина ужасна и срамна грешка “, твитна претставничката Вики Харцлер, републиканка од Мисури.

    По пресконференцијата новинарите сакаа да знаат зошто Бајден ја повикуваше Џеки.

    – Бајден ја призна нејзината(на Џеки) неверојатна работа. Бајден веќе планираше да му посака добредојде на семејството на конгресменката во Белата куќа за потпишувањето на законот во петок. Таа постојано му беше на ум – одговори портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, на прашањето за инцидентот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img