More

    Бајден нема да се сретне со египетскиот и палестинскиот лидер

    spot_img

    Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Аман требаше да се сретне со палестинскиот претседател Махмуд Абас и со претседателот на Египет, Абдел Фатах ал Сиси и да разговараат за ситуацијата во Газа, но средбата и самитот во главниот град на Јордан се откажани по експлозијата во болницата во Газа во која загинаа над 500 Палестинци.

    – Сега нема смисла да се зборува за ништо друго освен за запирање на војната – изјави шефот на јорданската дипломатија Ајман Сафади за ТВ Ал Џезира.

    Официјален претставник на Белата куќа изјави дека по експлозијата во болница во Газа, Бајден ја откажа и посетата на Јордан.

    – По консултациите со јорданскиот крал Абдула Втори и земајќи ги предвид деновите на жалост што ги објави претседателот на палестинската управа Абас, претседателот Бајден ќе го одложи своето патување во Јордан и неговата планирана средба со овие двајца лидери и со египетскиот претседател ал-Сиси, истакна тој.

    Според него, Бајден наскоро лично ќе разговара со лидерите и се согласи да одржува редовен и директен контакт со секој од нив во наредните денови.

    Бајден изрази сочувство за загинатите во експлозијата во болница во Газа, соопшти Белата куќа.

    Во нападот врз болница во Газа загинаа стотици Палестинци, со што се продлабочија тензиите на Блискиот Исток и се зголемија влоговите за американскиот претседател Џо Бајден, кој денеска замина за Израел за да изрази поддршка за неговата војна против Хамас. Се очекува да пристигне во Изреал во 10 часот по локално време.

    -Таков ужасен настан ја комплицира дипломатијата и ги зголемува ризиците од ескалација – рече Ричард Гован, директор на Меѓународната кризна група на ОН.

    Палестинските власти соопштија дека израелските сили ја погодиле болницата во воздушен напад, а министерот за здравство на палестинската управа го обвини Израел за „масакр“. Израел ја обвини палестинската група Исламски џихад за експлозијата во болницата Ал-Ахли ал-Араби со неуспешно лансирање ракета.

    Портпаролот на палестинското министерство Ашраф Ал-Кудра изјави дека спасувачите се уште извлекуваат тела од урнатините.

    Шефот на цивилната одбрана на Газа соопшти дека бројот на загинати е 300, додека извори од Министерството за здравство објавија за 500 жртви.

    Комплексната дипломатска мисија на Бајден на Блискиот Исток требаше да го смири регионот и да ги поддржи хуманитарните напори за Газа, но по нападот, Јордан го откажа планираниот самит со американскиот претседател, палестинскиот претседател Махмуд Абас и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси.

    Абас, исто така, ги откажа плановите да се сретне со Бајден, а палестинските безбедносни сили употребија солзавец и шок-бомби за да ги растераат антивладините демонстранти во окупираниот град Рамала на Западниот Брег.

    Протести беа одржани и пред амбасадите на Израел во Турција и Јордан и во близина на американската амбасада во Либан, каде безбедносните сили фрлија солзавец кон демонстрантите.

    Пред нападот на болницата, здравствените власти во Газа соопштија дека најмалку 3.000 луѓе загинале во 11-дневното бомбардирање на Израел што започна по нападот на Хамас што го изненади Израел и доведе до тоа што речиси 200 луѓе беа одведени во Газа како заложници.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img