Американскиот претседател, Џозеф Бајден, денеска објави дека САД ќе достават дополнителна безбедносна помош за Украина во вредност од 2,5 милијарди долари.
– Според моите инструкции, САД ќе продолжат да работат неуморно за зајакнување на позицијата на Украина во оваа војна, сѐ додека јас сум на позицијата претседател – рече Бајден, пренесе Ројтерс.
Најавената помош вклучува 1,25 милијарди долари воена помош од американските залихи, како и пакет во вредност од 1,22 милијарди долари од Иницијативата за безбедносна помош на Украина.