Американскиот претседател Џозеф Џо Бајден вчера ги „помеша“ пејачките Тејлор Свифт и Бритни Спирс при обидот да се пошегува на годишното помилување на мисирки во Белата куќа.
Бајден се пошегува за изгледот на двете мисирки – Либерти и Бел – да бидат избрани за помилување меѓу другите мисирки. Тој го спореди тоа со шансите со кои се соочуваат обожавателите на Тејлор Свифт кога се обидуваат да обезбедат билет за нејзината турнеја „Ерас“ која е во тек.
„Може да се каже, дури и да е ова потешко отколку да добиете карта за турнејата „Ренесанса“ или, или, или за турнејата на Бритни Спирс. Таа е долу во Бразил, сега е малку топло таму“, рекол тој.
Свифт во моментот е на турнеја во Бразил, но се соочи со проблеми поради екстремните температури. Еден нејзина обожавателка колабираше и почина среде топлотниот бран пред Свифт да излезе на сцената во петокот во Рио де Жанеиро. Свифт го одложи својот втор настап во Рио де Жанеиро, кој беше закажан за 18 ноември.
Според пишувањата на медиумите, Ана Клара Беневидес се онесвестила додека била во првиот ред на концертот на Тејлор Свифт. Извршена е реанимација пред да биде однесена во болница каде доживеала втор срцев удар и починала, пренесува Танјуг.