More

    Бајден изложен на критики дека не реагирал соодветно на големата трагедија

    spot_img

    Повеќе од 100 луѓе загинаа во шумските пожари на хавајскиот остров Мауи, изјави гувернерот на американската сојузна држава Хаваи, Џош Грин. „Загубени се 101 живот“, рече гувернерот во телевизиско обраќање.

    – Срцето ни е скршено поради загубара што ја претрпевме – истакна Грин, потврдувајќи дека меѓу загинатите има и деца. Тој предупреди дека бројот на жртви може значително да се зголеми.

    Спасувачите досега пребарале нешто повеќе од четвртина од областа која била опожарена. Околу 1.300 луѓе и натаму се водат како исчезнати.

    Американскиот претседател Џо Бајден најави дека ќе отпатува на Мауи „што е можно побрзо“, по критиките за неговата бавна реакција за смртоносните шумски пожари на островот.

    Говорејќи во Милвоки вчера, Бајден рече дека сака да се осигура дека луѓето во државата ќе имаат „сѐ што им е потребно.“

    Жителите на Хаваи се пожалија на брзината на одговорот на федералната влада на катастрофата. Бајден вчера рече дека сè уште не ги посетил Хаваи поради загриженост дека тоа ќе ги оттргне ресурсите и вниманието од хуманитарниот одговор.

    – Не сакам да пречам. Сум бил во премногу области на катастрофа. Сакам да бидам сигурен да не ги нарушиме тековните напори за закрепнување. Повеќе од 500 припадници на федералните служби за итни случаи досега се испратени да помогнат, вклучувајќи и 150 специјалисти за пребарување и за спасување – изјави американскиот претседател.

    Пожарот ги уништи речиси сите згради во градот Лахаина со 13.000 жители. Повеќе од 2.700 објекти се оштетени или целосно уништени, а изгореа повеќе од 2.100 хектари земја. Федералната агенција за управување со вонредни состојби ги процени трошоците за обновата на Лахаина на околу 5,5 милијарди долари.

    На жителите на Лахаина им е дозволено да се вратат во градот. Причината за пожарот сѐ уште се истражува.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img