Американскиот претседател Џозеф Бајден ги помилува сите Американци кои беа осудени пред федералните судови за поседување на мали количини марихуана.
Официјални лица проценуваат дека околу 6.500 лица со федерални пресуди за поседување марихуана ќе имаат корист.
Во моментов, никој не е во федерален затвор само поради поседување марихуана, а повеќето пресуди се случуваат на државно ниво.
Сојузните помилувања ќе им олеснат на осудените криминалци да се вработат, да најдат станови и да се образуваат, рече Бајден.
Како претседателски кандидат, Бајден вети дека ќе ја декриминализира употребата на канабис и дека ќе ги избришат пресудите.
„Праќањето луѓе во затвор поради поседување марихуана промени премногу животи и затвори луѓе поради однесување кое многу држави повеќе не го забрануваат“, рече Бајден.