More

    Бајден: Федерална помош за државата Мисисипи по торнадото

    spot_img

    Американскиот претседател Џозеф Бајден нареди распоредување федерална помош за поддршка на државата Мисисипи по торнадото во кое загинаа 26 лица, објави Белата куќа.

    Федералните фондови на САД се наменети за субвенции за привремено сместување и поправки, како и за поволни заеми за покривање на загубите на неосигурен имот.

    Спасувачката операција и потрагата по жртви во државите на американскиот југ продолжи денеска.

    Во Мисисипи, 25 лица загинаа во торнадо ноќта меѓу петокот и саботата, а еден маж загина во Алабама, додека повеќе од десетина луѓе во двете држави беа повредени, а стотици се во привремени станови.

    Властите во Мисисипи прогласија вонредна состојба.

    Торнадото достигна брзина од 320 километри на час, а според првите податоци помина 274 километри.

    Метеоролозите предупредија дека и денеска се очекува силно невреме на југот на САД.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img