More

    Бајден е згрозен од атакот врз сопругот на високата функционерка

    spot_img

    Американскиот претседател Џозеф Бајден го нарече „ужасен” нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, и рече дека сите оние кои шират лаги за украдени избори ја контаминираат политичката клима и придонесуваат за политички мотивирано насилство.

    Пол Пелоси беше нападнат вчера во неговиот дом во Сан Франциско, а канцеларијата на неговата сопруга соопшти дека по физичкиот напад бил успешно опериран.

    Бајден вчера ѝ се придружи на потпретседателката Камала Харис во едно од ретките заеднички појавувања, на настан во Пенсилванија.

    – Што е многу, многу е. Секој совесен човек треба јасно и недвосмислено да застане против насилството во нашата политика, без разлика на политичката определба. Демократијата буквално, а не фигуративно, годинава е на тест – кажа Бајден, алудирајќи на претстојните парламентарни избори на 8 ноември и предупредувајќи на опасностите од екстремизмот.

    Бајден кажа и дека полицијата има индиции дека нападот врз Пол Пелоси всушност бил насочен кон Ненси и рече дека напаѓачот со чекан извикал „каде е Ненси?” – што можело да се слушне и од приврзаниците на поранешниот претседател Доналд Трамп за време на смртоносните немири во Капитол на 6 јануари минатата година, додаваат британските медиуми.

    Нападот врз Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси, во нивниот дом во Сан Франциско не бил случаен, соопшти полицијата.

    – Тоа не беше случаен акт. Тоа беше намерен напад – изјави синоќа на прес конференција началникот на полицијата во Сан Франциско, Вилијам Скот, одбивајќи да ги коментира можните мотиви за нападот.

    Пол Пелоси, сопругот на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси, беше „насилно нападнат” по упадот во нивниот заеднички дом.

    Според некои информации, напаѓачот во нивната куќа упаднал со чекан и притоа извикал „каде е Ненси”, сугерирајќи на тоа дека лидерката на Претставничкиот дом всушност била првата цел на нападот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img