More

    Баерн ќе штеди, „Алијанц“ нема да свети

    spot_img

    Баерн Минхен најави серија мерки со кои германскиот фудбалски првак ќе даде свој придонес во справување со енергетската криза која и се заканува на Германија, јавија денеска локалните медиуми.

    Според весникот „Спорт Билд“, раководството на Баерн донело одлука светлата на стадионот „Алијанц Арена“ да бидат вклучени само три часа во текот на ноќта, а загревањето на теренот ќе се префрли од гас на пумпи со врел воздух кои струјата ќе ја произведуваат преку соларните панели поставени на кровната конструкција на стадионот.

    Работата на клима уредите, исто така, ќе биде редуцирана, а ВИП ложите ќе се разладуваат и затоплуваат само кога корисниците однапред ќе најават дека ќе ги користат.

    Во тоалетите на стадионот посетителите ќе можат да користат само студена вода.

    – Веќе подолго време работиме на намалување на потрошувачката на електрична енергија. Соочени со актуелната криза овие активности ги интензивиравме – изјави финансискиот директор на Баерн, Јан – Кристијан Дрезен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img