Бабунски е новиот тренер на Пелистер

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Управата на Пелистер попладнево соопшти дека спогодбено го раскина договорот со шефот на стручниот штаб Марјан Секуловски и за нов тренер го назначи Бобан Бабунски.

„Шест месеци пред истекот на договорот двете страни спогодбено се разделуваат по една година помината заедно. Клубот му се заблагодарува на Секуловски и неговиот стручен штаб за професионалноста, посветеноста и стручноста во уште една прилика што излезе во пресрет на матичниот клуб“, велат од Пелистер.
Нов шеф на стручен штаб е назначен Бобан Бабунски кој се обврза на договор до јуни 2023 година со опција за продолжување на соработката за уште една сезона ако клубот избори промоција во Првата фудбалска лига. Бабунски е на возраст од 54 години и е добро познато име, поранешен македонски и југословенски репрезентативец и селектор на сениорската и младинската репрезентација на Македонија. Во својата тренерска кариера ги водеше Вардар, Работнички и Победа, стои во соопштението на клубот од Битола кој сезонава се натпреварува во Втората македонската фудбалска лига.

Промоцијата на Бабунски и почетокот на подготовките за пролетниот дел од сезоната ќе се случи на 9 јануари.

Share This Article