Историската изградба на автопатската делница Кичево -Охрид ,ќе биде готова 202….,поточно никој не знае кога овој пат на смрта ,конечно ќе биде завршен!!! Пред стартот на туристичката сезона ,делницата од месноста Подмоље до Охрид беше затворена за секаков сообраќај,додека сообраќајот беше пренасочен преку стариот пат Охрид – Струга , со тогашно образложение, дека на изведувачите им бил потребен чист терен како би можеле непречено да вршатградежни работи и со ветување од министертвото за транспорт и врески и министерот Бочварски ,дека за 1 месец ќе била готова делницата Подмоље – Охрид.
ХАОС ,АНАРХИЈА И ПЕРЕЊЕ ПАРИ,АВТОПАТОТ ЌЕ ПОПРИЧЕКА!!!
Но наместо изградба на делницата Подмоље -Охрид , на крај се доби како резултат 50 метри асфалтирана една коловозна лента, додека собраќајното безредие и непромисленоста на ЈП Државни патишта и актуелната влада , допринесоа во сообраќајниот хаос кој тие го створиа, резултат да биде страдање на народот и безброј сообраќајни незгоди со смртни последци,срамот на актуелната влада не може со ништо да се испере.
Доколку било кој минувач погледне што све се работи на трасата на автопатот Кичево – Охрид , може да се увиде само еден факт ,а тоа е дека воопшто не се изведуваат градежни работи на делницата.Од ЈП „Државни патишта“,одговорот за ваквата глупост е тоа дека поради високите температури не се одвивале градежни работи, но исто така не се работело на автопатската делница и поради верските празници!! Доколку се чека да поминат и верските празници, тогаш едно е јасно ,дека овој автопат никогаш нема да биде изграден ,зошто по календарот на МПЦ секој ден е празник,а најголем празник секако е на изведувачите и на дел од оние типчина од ЈПДП и владата кој инкасираат парични средства на даночните обврзници секој ден или за нивните џепови секој ден е празник?!
СИТЕ РОКОВИ ПРОБИЕНИ,НО НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОТА ПОВТОРНО ЌЕ СЕ ПУШТА СВЕЧАНО ВО УПОТРЕБА ДЕЛНИЦАТА ОХРИД-ПОДМОЉЕ!!
Додека забавата „Бугари во Устав“ сеуште е топ тема во Македонија, новиот рок за свечено пуштање во употреба на дел од автопатот Кичево – Охрид , делница Подмоље – Охрид од министерството за транспорт и ЈП Државни патишта ,најавен е за 8-ми септември Денот на независноста на Македонија,додека делницата Пресека-Охрид до крај на 2023 година! Доколку се погледне како стои динамиката на изградба на самата траса ,делницата Подмоље – Охрид не може да биде готова ниту за денот на независноста во 2029 ,а не за неполн месец.Иста состојба е и со преостаната делница Пресека- Охрид ,а да не говориме за остатокот на делницата Пресека-Кичево ,каде надвозниците ќе попричекаат подобри времина…,наредни влади , со наредни ветувања…