Страшна бура веќе неколку дена ја тресе Србија, а откако вчера видовме порои од вода на белградските улици каде во една населба беа поплавени дури 20 куќи, најновите податоци за врнежи и штети доаѓаат од Ивањица, место за кое многумина велат дека секогаш трпи најголема штета во овие ситуации.
Поплавени се Трстеник, Пожега и делови од Шумадија.
Низ цела Србија е запален портокалов метео аларм. Тоа значи опасно време кое може да предизвика материјални штети и опасност за луѓето и за животните.
Медиумите јавуваат дека невремето во областа сѐ уште трае, како и дека обилните врнежи на некои места се придружени со грмежи и град.
Видео од автомобил кој се бори со поплавата во Чачак беше објавено на Инстаграм.
По невремето не можеше да се помине ниту по локалните патишта бидејќи врз нив паднаа гранки и имаше големо количество вода, па мештаните таму можеа да стигнат само со трактор.
– Рехабилитацијата секако ќе трае уште еден месец, 90 проценти од патиштата се проодни за патнички возила – изјави Момчило Митровиќ, претседател на општина Ивањица.
Во следните денови можни се мали поројни водотеци во сливовите Колубара, Јадра, горните текови на Западна и Јужна Морава, Ибар, Нишава, Топлица, Расина, Мажура, Белица и Црница, како и во сливовите Млава, Пека и Тимок басени.
Селото Прилипац кај Пожега го зафати поплава. Краваричка река се излеа од коритата и, како што можете да видите на видеото, по улицата тече матна вода.
– Од наша гледна точка најважно е да нема загрозени лица. Ситуацијата во Србија засега е стабилна, немаме причина за страв, но секоја година мораме да бидеме спремни и подготвени, најголемите експерти велат дека ќе се влошува – заклучи Лука Чаушиќ, началник на итната помош.