Автомобил кој бил запленет на граничен премин во Црна Гора пред неколку дена, бил украден од паркингот на Одделението за безбедност во градот Рожаје, пренесуваат црногорските мдиуми.
Кражбата се случила на 8 ноември по полноќ. Надзорните камери на полицијата во Рожаје ја снимиле кражбата.
Украденото возило неодамна било одземено при гранични контроли, кога било утврдено дека по него трага Интерпол, по барање на германската полиција.
Интерпол бил известен дека возилото е одземено и се наоѓа на паркингот на ОБ Рожаје.
Во меѓувреме, возилото било украдено од паркингот, а според изворите, полицијата во Рожаје три дена ја криела кражбата и самата трагала по возилото, по што сепак морала да ги известат надлежните во Управата на полицијата.