Автобус во Шпанија се преврте на влез во тунел, 45 лица се повредени

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Автобус со работници на Индитекс се заглавил во сообраќајна несреќа на влезот во тунел во речиси вертикална положба кај местото  Пинеда де Мар, 73 километри од Барселона. Во несреќата се повредени 45 лица, известија локалните служби.

Автобусот со 47 патници патувал од Барселона до градот Тордера во североисточниот регион на Каталонија, каде сопственикот на модниот бренд Зара има фабрика. Несреќата, чија причина полицијата во моментов ја истражува, се случила во 8 часот и 45 минути.

 

На десетици повредени лица им била укажана помош во близина или се префрлени во околните здравствени центри.
Тројца патници во критична состојба со хеликоптер се пренесени во болница. Пожарникарите истакнаа дека извлекувањето на патниците било тешко бидејќи автобусот останал заглавен во речиси вертикална положба потпрен на окното на тунелот. Возачот последен бил извлечен од превртениот автобус.

Се чини дека автобусот се излизгал од патот, удрил во работ на тунелот и се превртел. Според досегашните информации, во несреќата не учествувало друго возило.

Share This Article