Страшна трагедија го погоди Бразил. Автобусот со млади фудбалери заврши во провалија и најмалку четири лица го загубија животот.
Автобусот превезувал фудбалери до градот Дуке де Каксија и по пат се случила страшна сообраќајна несреќа, пренесува Gol.hr.
Младите се враќале дома од турнирот, а во несреќата загинале тројца млади фудбалери на возраст од 14 до 18 години и еден тренер.
Бразилските медиуми потврдија четири смртни случаи, но за жал тој број може да се зголеми бидејќи поголемиот дел од тимот е во болница, некои се борат за живот.
Во автобусот имало 28 фудбалери и членови на стручниот штаб. Меѓу загинатите е потврдено и Кајлон да Силва, кој имал само 13 години.