Околу 5 часот и 30 минути автобусот кој превезувал работници од Крагуевац за Рач излетал од патот. Според првичните информации полесно се повредени 18 патници.
Несреќата се случила во Собовица кај „Сименс“. Според изјавите на очевидци, возачот изгледа изгубил контрола и возилото се лизнало во каналот покрај патот, пишува Данас.
Интервенирале три екипи на итната помош од Крагуевац, при што според првичните информации повредени се 18 патнички. Според итната помош, тие најмногу се здобиле со полесни повреди и набиеници на екстремитетите, рацете и рамената.
Од полициската управа Крагуевац за Данас потврдија дека околу шест и пол утринава автобусот излетал од патот во градот Собовица на регионалниот пат Церовац – Рача.
Истрагата е во тек.
Во Шумадија од синоќа паѓа обилен снег, па и ова е можна причина за лизгање на автобусот.
Во текот на ноќта и утрото се случиле повеќе сообраќајни незгоди.