More

    Австрија ги суспендира плаќањата на агенцијата за помош на ОН за Палестина

    spot_img

    Австрија ги суспендира исплатите на Агенцијата за помош и работа на Обединетите нации (ОН) за палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА).

    Како што се наведува, прекинот на исплатата продолжува се додека не се спроведе целосна истрага за наводите дека вработени во ОН биле вмешани во нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври, соопшти денеска австриското Министерство за надворешни работи.

    „Ги повикуваме УНРВА и Обединетите нации да спроведат сеопфатна, брза и целосна истрага за наводите“, се вели во соопштението на Министерството, пренесува Ројтерс.

    Австрија им се придружи на Велика Британија, Германија, Соединетите Држави, Австралија и Канада, меѓу другите, во прекинот на финансирањето на агенцијата за помош, клучен извор на поддршка за жителите на Газа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img