More

    Австралиските власти ја укинаа таканаречената „златна виза“ која на богатите странски инвеститори им овозможува легален престој и живот во земјата

    spot_img

    Австралиските власти ја укинаа таканаречената „златна виза“ која на богатите странски инвеститори им овозможува легален престој и живот во земјата.

    Владата оцени дека иако оваа виза е  дизајнирана за привлекување странски инвеститори, таа даде „лоши економски резултати“, јавува Би-Би-Си.

    Критичарите долго време тврдат дека шемата била користена од корумпирани странски функционери за да „обезбедат проток на недозволени средства“, поради што овој вид визи ќе биде заменет со визи за висококвалификувани работници.

    Илјадници визи за значајни инвеститори (SIV) се издадени преку оваа програма од 2012 година, а според владините податоци, 85% од нив биле деловни луѓе од Кина.

    Апликантите за „златна виза“ мораа да инвестираат повеќе од 5 милиони австралиски долари за да се квалификуваат, но по повеќе анализи, владата утврди дека шемата не ги исполнува нејзините основни цели.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img